TIME.mk Едукација



Континуирана едукација

Time.mk Едукација нуди академско ниво на едукација преку интензивни курсеви во прилагодливи термини вклучувајќи попладневни и вечерни термини. Нудиме широк спектар на курсеви за интересите и потребите на разни категории на корисници.

Фокусирани сме на основните принципи на ефикасно пресметување и информатичко размислување, а не на техники и технологии кои можат да постанат минато пред воопшто да бидат научени.

Задоволете ја вашата интелектуална љубопитност.

Часовите се отворени за секој заинтересиран кандидат.

За следење на програмата не е потребна никаква формална диплома или предзнаење. Онаму кадешто се претпоставува основно искуство во програмерски или други вештини тоа е нагласено во самата понуда на курсот.

Без разлика на вашите цели или искуство, со вашата вистинска посветеност за напредување, вие сте кандидатот за кој е создадена оваа програма.

Можете и вие.

Истражете ја суштината на одредена тема.
Стекнете се со напредно знаење и вештини за напредок во вашата кариера.
Постигнете капацитет во специјализирани и напредни области.

Тоа е нашето разбирање за Континуирано образование во Компјутерски науки.

Линкови

Настани

  • Работилница за Data Mining: Practical Tools and Techniques [link]
    18:15, 08-11 Февруари, 2010
  • Работилница за Information Retrieval and Web Search [link]
    18:15, 01-04 Февруари, 2010
  • Отворено предавање: Computer Generated News Site - TIME.mk
    18:00, 21 Октомври 2009
  • Отворен ден на TIME.mk Едукација, посетете не овде
    18:00, 21 Октомври 2009
  • Regional ACM competition
    15-18 Октомври 2009